Почина пешакот кој леташе неколку метри во сообраќајката кај Соборен храм

by Fokus

Шеесет и петгодишниот скопјанец Д.Б. кој пред неколку денови беше жртва на тешка сообраќајка што се случи на раскрсницата кај Соборниот храм почина, потврди за „Фокус“, доктор Маја Мојсова, раководител на КАРИЛ.

„Пациентот кај нас беше донесен во многу лоша здравствена состојба, со многу тешки повреди на мозокот и со тешки телесни повреди по целото тело. Тој почина за време на викендот – истакна доктор Мојсова.

Според информациите објавени во полицискиот билтен веднаш по сообраќајката, вечерта во 19,55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т.(29) од Скопје и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од К.И. (65) од Скопје, при што настрадал и пешакот Д.Б. (65), кој се здобил со тешки телесни повреди. Д Со телесни повреди се здобиле Б.Т. и двајца сопатници од двете возила Д.В.(40) и В.И.(56).

 

Поврзани новости