1K
На 62-годишна возраст почина пејачката на групата „Роксет“, Мари Фредриксон, јавуваат медиумите.
Таа починала во текот на вчерашниот ден после долга и тешка борба со канцер а зад себе ги остави двете деца и сопругот Микаел Бољос.
„Со голема така ве известуваме дека една од најсаканите уметнички почина. Мари Федриксон почина во понеделник, 9-ти декември после долга борба со болест“, се вели во соопштението на семејството.
Таа ќе биде погребана во присуство на нејзините најблиски, се наведува во соопштението.
Мари беше дел од групата „Роксет“, а светската слава ја доби со хитовите “It Must Have Been Love”, “The Look”, “Joyride”, “Crash! Boom! Bang!”.