Почина пациентот кај кого беше извршена последната трансплантација на срце. Оваа информација ја потврди и министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ.
Блиски на починатиот за телевизија Телма изјавиле дека операцијата била успешна, но потоа се создала инфекција од бактерија.
-Не е точно и не коректно да се кажува дека се потфрлува во некој дел. Инфекции во интензивните неги од специфични бактерии има насекаде во светот и тоа е така и кај нас. Имаме механизми кои ги користиме за тие пациенти да се излекуваат. Други пациенти со трансплантација имале таква форма на инфекција, па се излекувале. Не значи дека, ако има инфекција, дефинитивно нема да се спаси. Тоа е еден процес кој го има на интензивните лекувања на пациенти кои престојуваат заради друга болест, изјави министерот Филипче во Утрински брифинг.
Според податоците од Министерството за здравство, операцијата на пациентот била извршена на 10 јуни, а починал пред неколку дена, што значи по повќе од две недели од извршената трансплантација.