68
Осуммесечно бебе почина при транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилепската болница до Клиниките во Скопје, објави тв Телма.
Според информациите, бебето вчера попладне во исклучително тешка здравствена состојба во болница го донела неговата мајка.
Како што информираат, откако било прегледано од лекар педијатар, веднаш одлучил да го испрати до повисока здравствена установа. Детето не го издржало транспортот, па починало во санитетското возило на пат до Скопје.
Од прилепската болница велат дека бебето било неухрането и тешко само 3 килограми, а немало ниту извод од матичната книга на родените, поради што случајот го пријавиле во полиција.
За да се утврдат причините за смртта, јавен обвинител наредил обдукција врз телото.