1.1K
Оливија Њутн-Џон почина денеска на 73-годишна возраст по долгогодишна борба со ракот на дојката.
Актерката утрово мирно почина во својот дом во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите. Нејзиниот сопруг Џон Истерлинг ја објави веста за нејзината смрт на нејзината Фејсбук страница.
Семејството побара наместо цвеќе да се донира за нејзината организација за борба против ракот.