733
По тешко боледување, вчера почина новинарот Зејнула Весели. Во својата новинарска кариера, Весели главно работеше во печатените медиуми на албански јазик.
Освен темите од економија, Весели долги години известуваше и за случувањата во Собранието. Тој беше одличен познавач на економските прилики во државата, присутен на речиси сите позначајни настани кои што се организираа или се случуваа кај нас.