198
По кратко боледување почина доајенот на македонското новинарство Предраг Димитровски (64).
Димитровски беше новинар над 30 години и еден од најистакнатите македонски новинари. Беше главен уредник во весникот Вечер од 2005-2006 година, а потоа работеше во дневниот весник Дневник.
Последните години ги помина во Република и во Пресинг ТВ каде специјалност му беа теми позврзани со односите со Бугарија. Неговите колумни предизвикуваа големо влијание и беа меѓу најчитаните. Посебно беше горд на биографијата на Павел Шатев, на која активно работеше.
Димитровски е добитник на наградата за долгогодишен придонес за професионално известување во професијата од МАН.