Почина Нина Спирова

by fokus

Доајенот на македонската музика, Нина Спирова денеска почина на 82-годишна возраст.

Нина во својата кариера има снимено голем број познати музички хитови, од страна на светски аранжери како и голем број на обработки на македонски народни песни. Ќе останат како трајни вредности нејзините интерпретации на „Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо Чифликот“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди,зајди, јасно сонце“, „Кажи, кажи либе Стано“, нејзиниот незабравен евергрин „Еден бакнеж“ и многу други.

Поврзани новости