На 53-годишна возраст почина познатиот српски моден дизајнер и стилист Саша Видиќ, објавија српските медиуми.
Како што информираат, тој починал во клиничката болница Бежанијска коса во Белград, и се уште не е објавена причината за смртта.
Во регионот Видиќ беше познат како човекот кој се грижеше за имиџот на многу музички ѕвезди, политичари и спортисти. Го имаше својот моден бренд Броз, ги креираше дресовите за српските олимпијци на Олимпијадата во Лондон, како и дресовите за српската фудбалска репрезентација за Светското првенство во Русија.
Тој е роден во Хрватска, потоа живеел во Бања Лука, а на почетокот на војната се преселил во Белград, кај неговиот вујко.
Успеа да изгради завидна кариера, а негови креакции носеа Цеца Ражнатовиќ, Сека Алексиќ, Дара Бубамара, како и голем број на водители и личности од јавниот живот.
Вики Клинчарова