На 65-годишна возраст почина српскиот претприемач Миодраг Костиќ, основач на компанијата МК Груп, во јавноста попознат како „српскиот крал на шеќерот“, пренесува Б92.
– Со голема тага ве известуваме дека почина Миодраг Костиќ, основачот и претседател на МК Груп. За време на својата 40-годишна активна професионална кариера, тој го создаде еден од најголемите деловни системи во регионот, што му донесе меѓународен статус на еден од највлијателните лидери и најуспешни претприемачи во Југоисточна Европа – соопштија од компанијата на Костиќ.
Компанијата потсети дека Костиќ бил одговорен за пионерски потфати во земјоделството, туризмот, енергетиката и банкарството, каде што ги позиционирал своите компании како лидери во тие сектори.
Тој пред пет години се повлече од чело на компанијата, а раководните должности му ги препушти на синот Александар Костиќ, потпретседател на МК Груп и претседател на Управниот одбор на АИК банка.