„Со тага и неверување споделуваме со вас дека поради здравствени компликации почина Мемет Камбер, нашиот продавач од редовите на Daycare Centre for street children/ Дневен Центар за деца на улица, соопштија од часописот „Лице в лице“.
„Публиката на „Лице в лице“ го гледаше често во неговото омилено Дебар Маало“, пишува во објавата на социјалните мрежи.
„Не останувавме рамнодушни на неговата насмевка, на мекоста и топлината кои зрачеа од него. Ќе го паметиме Мемет како кроток и љубезен млад човек, вреден и скромен. Другаруваше со сите продавачи на списанието, тука беше да сподели трик, да каже нешто за добрината. Веруваше во љубовта и грижата на луѓето кои секогаш го поддржуваа. Сонуваше да сними рап песна и да стане познат рапер. Сочувство до семејството и блиските“, велат од „Лице в лице“.