Поранешниот специјален пратеник на ОН за Косово и Метохија и поранешен претседател на Финска, Марти Ахтисари, почина на 86-годишна возраст.
Ахтисари, беше претседател на Финска од 1994 до 2000 година и имаше истакната кариера во Обединетите нации и во финското Министерство за надворешни работи.
Тој е познат по прочуениот „план на Ахтисари за Косово и Метохија“. Во 2008 година ја доби Нобеловата награда за мир за „неколку децении ангажман и посредување во воспоставувањето мир и решавање на конфликти на неколку континенти“.
Во 2000 година, тој ја основа независната фондација ЦМИ (Иницијатива за управување со кризи), денес позната како CMI – Фондација за мир Марти Ахтисари.
Ахтисари ќе биде испратен со државни почести, а датумот на погребот ќе биде објавен подоцна.