1.2K
Актерката Риалда Кадриќ, позната по улогата на Марија во филмскиот серијал „Жикина династија“ почина на возраст од 57 години.
Како што пренесуваат српските медиуми, таа починала синоќа во Атина, каде живееше последните години.
По улогата во популарниот серијал, многумина ѝ предвидуваа славна иднина, но таа одбра живот без актерски улоги.
Долго живееше во Лондон.
Веста за нејзината смрт ја обајви еден нејзин пријател на Фејсбук, а информацијата ја потврдил и за „Курир“.