Почина мајката (38) на деветмесечното бебе кое исто така беше тешко повредено во нападот во Сиднеј.
Бројот на загинати во денешниот напад со нож во трговскиот центар Вестфилд Бонди Џанкшн на истокот на Сиднеј се искачи на седум, вклучувајќи го и напаѓачот.
Медиумите јавуваат дека бебето било прободено во стомакот и било оперирано, откако граѓаните кои се обидувале да го спасат користеле облека од продавницата за да му го спречат крварењето.
Нападот со нож во трговскиот центар „Вестфилд Бонди Џанкшн“ на истокот на Сиднеј се случи денеска, а напаѓачот бил убиен од полицијата, изјави претставникот на австралиската полиција Ентони Кук.
Според исказ на сведок, објавија медиумите, полицајката му рекла на напаѓачот да го фрли ножот, а кога тој не го сторил тоа, таа го застрелала директно во градите.
Кук рече дека, врз основа на прелиминарната истрага, се чини дека напаѓачот дејствувал сам.
Мотивот за нападот се уште не е познат, но засега не може да се исклучи можноста за терористички напад.