154
Четириесетгодишен ловџија од кичевското село Осој починал кога по грешка бил застрелан од неговиот пријател.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.С.(56) од кичевското село Осој, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Тој, на 10.12.2023 околу 14 часот во шумски појас во атарот на кичевското село Бигор Доленци, при лов, од ловечка пушка испукал и го погодил Д.Ј.(40) од истото село, по што Д.Ј. починал.