Почина Лопатни, олимпиец и поранешен сопруг на Тереза Кесовија и Мија Беговиќ

by fokus

Познатиот југословенски ватерполист Роналд Лопатни (78), кој на Југославија и донесе златен медал на Олимписките игри во 1968 година, починал по тешко и долго боледување, известија хрватските медиуми.

Лопатни, кој настапуваше со југословенската репрезентација дури 150 пати, се повлече од ватерполото ненадејно, кога беше на врвот на својата кариера, во својата 29-та година.
Подоцна отворил ресторан во Загреб.

Неговиот приватен живот исто така беше интересен за јавноста.
Тој беше во брак со пејачката Тереза Кесовија. По 16 години заеднички живот се разделиле, а за разочарувања кои ги доживеала од него, таа раскажа во автобиографската книга ,,Тоа сум јас” која ја објави во 2014 година.

По разводот со Тереза, Лопатни беше во брак со актерката и секс симбол во поранешна Југославија, Мија Беговиќ.
Со неа ја доби ќерката Маја Лена, но бракот им траеше околу една деценија и во 2000 година се разделија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости