Легендарниот американски кошаркар Џери Вест, по кого беше создаден амблемот и актуелното лого на НБА лигата, почина на 86-годишна возраст, јавуваат американските медиуми.
Тој беше еден од најпрепознатливите ликови на американската кошарка во последните осум децении. Работеше за Лос Анџелес Лејкерс од 1980 до 2000 година, а потоа беше консултант за Голден Стејт Вориорс.
Долго пред Вест да стане можеби најдобриот генерален менаџер во историјата на НБА, тој беше меѓу првите суперѕвезди на НБА.
Беше заменик капитен на олимпискиот тим на САД во 1960 година, а беше дел од Ол-стар тимот дури 14 пати.
Покрај тоа, 12 пати беше вклучен во селекцијата на НБА, додека пет пати беше дел од најдобрите одбранбени тимови.
Тој беше познат по шутирањето за три поени, а еден од неговите најпознати шутеви беше оној што го испрати натпреварот од финалето на НБА во 1970 година во продолженија против Њујорк Никс. Со Чембрлен и Оскар Робертсон прв влезе во клубот на играчи кои постигнаа 25.000 поени во НБА.
Во кариерата имаше просек од 27 поени со 6,7 асистенции и 5,8 скока.