Почина легендарниот италијански фудбалер Џанлука Вијали

by Fokus

Легендарниот италијански фудбалер Џанлука Вијали почина денеска на 58-годишна возраст, пренесува „Гаѕета“. Вијали боледуваше од рак на панкреасот, кој беше откриен во 2017 година, а тој беше подложен на два круга на хемотерапија.

Кон крајот на годината бил хоспитализиран во Лондон, бидејќи здравствената состојба му се влошила. Колку беше сериозна ситуацијата говори и податокот дека неговата 87-годишна мајка Марија Тереза ​​тогаш од Кремона заминала во Лондон.

Фудбалската кариера Вијали ја започна во Кремонезе, каде играше од 1980 до 1984 година. Од Кремонезе замина во Сампдорија од каде во 1992 година се пресели во Јувентус, а четири години подоцна во Челси.

Поврзани новости