872
Легендарниот гитарист Еди ван Хален денеска почина на 65-годишна возраст. Тој ја загуби битката со ракот на грлото.
Еди ја основал „Ван Хален“ заедно со својот брат Алекс во 1972 година. Групата издаде 12 студиски албуми и беше еден од предводниците на американскиот хеви метал во 1980-ите.
„Ролинг стоун“ го избра Ван Хален за осмиот најдобар гитарист на сите времиња на својата топ 100 листа.