558
Кралицата Елизабета почина на 96-годишна возраст, соопшти Бакингемската палата.
„Кралицата почина мирно во Балморал попладнево. Кралот и Консортот на кралицата ќе останат во Балморал оваа вечер и ќе се вратат во Лондон утре“, соопшти Бакингемската палата.
Кралицата Елизабета Втора беше монархот со најдолго владеење во британската историја и најстариот шеф на држава во светот.