Почина Костадин, првиот струмички градоначалник во независна Македонија

by fokus

Денеска на 78-годишна возраст почина Костадин Манолев, првиот градоначалник на Струмица во независна Македонија.

Тој беше од редовите на СДСМ и стоеше на чело на општината од 1990 до 1996 година.
Негов наследник беше Васил Грчев од ВМРО ДПМНЕ, потоа Кирил Јанев, исто од ВМРО ДПМНЕ.

Струмица доби градоначалник од редовите на СДСМ повторно во 2005 година, кога беше избран Зоран Заев. Тој беше на чело на општината до 2016 година, а него го замени Костадин Костадинов, потоа Коста Јаневски, а сега повторно на функција е Костадин Костадинов.

В.К.

Поврзани новости