Почина Клод Руиз-Пикасо – син на познатиот шпански уметник

by Fokus

Клод Руиз-Пикасо – синот на големиот шпански сликар Пабло Пикасо почина во Швајцарија, соопшти вечерва неговиот адвокат.

„Почина во Швајцарија. Имаше 76 години“, изјави адвокатот за Франс прес без да ја прецизира причината за смртта.

Од 1989 година, синот на Пикасо управува со наследството на сликарот. Тој во јули објави дека заминува во пензија и дека функцијата и ја препушта на сестра му Палома, пренесува Бета.

Пикасо имаше четири деца. Тоа се Пауло, најстариот син роден за време на врската со Олга Хохлова и кој почина во 1975 година, потоа Маја, ќерката на Мари-Терез Валтер, која почина во 2022 година, Клод и Палома, родени за време на врската со Франсоаз Жило.

Поврзани новости