446
Кавадарчанец на возраст од 72 години починал пред четири дена на КАРИЛ, откако паднал од тераса на трети кат на Дигестивната хирургија, објави „Канал 5“.
Инцидентот се случил во неделата околу три часот по полноќ, откако ден претходно бил опериран од жолчка, а во понеделник требало да ја напушти болницата.
Телото е предадено на обдукција, по што треба да се потврди причината за смртта.