Почина Ивица Осим – фудбалската и тренерска легенда од екс Југославија

by Fokus

Ивица Осим почина на 81-годишна возраст во Грац, Австрија каде што живееше последните години, објави Јутарњи лист. Тренерската работа ја прекина во 2007 година окончувајќи ја кариерата на клупата на јапонската репрезентација.

На клупата за прв пат седна во 1978 година кога стана првиот стратег на Железничар во кој помина најмногу сезони во својата играчка кариера.

Сараевскиот клуб го водеше до 1986 година, кога ја презеде репрезентацијата на поранешна Југославија, која ја водеше до 1992 година. Беше тренер и на Партизан, Панатинаикос, Штурм Грац и јапонскиот ЏЕФ Јунајтед Чиба.

Имаше успешна тренерска и играчка кариера. За Железничар одигра 166 натпревари и постигна 56 гола, а поради карактеристичната руса коса го нарекоа Штраус. Играше и за холандските Цволше Бојс, Стразбур, Седан, Валенсиен и Стразбур. За југословенската репрезентација одигра 16 натпревари и постигна 8 голови.

 

Поврзани новости