Почина Ивана од Крушевац – убиецот Зоран пред 23 дена ја застрела во глава, ја уби сопругата, па се самоуби

by Fokus

По 23 дена борба за живот во Клиничкиот центар во Ниш почина Ивана К. (44).

Зоран Р.(54) од Крушевац на 13 ноември најпрвин ја ранил Ивана К.(44) која му била пријателка, а потоа ја убил сопругата, па потоа се самоубил.

Поминал повеќе од 80 километри, а неговото возење низ локалните населби и села траело околу два часа.

Зоран тргнал од населбата Расадник во Крушевац. Ноќта ја помина во станот на Ивана. Рано утрото се скарале, а потоа Ивана тргнала на работа.

Меѓутоа, Зоран ја следел надвор и и вперил пиштол на околу 200 метри од зградата. Иако таа го молела да се смири, Зоран ја застрелал Ивана во главата и тешко ја ранил. Потоа студено се свртел и си заминал оставајќи ја во локва крв мислејќи дека ја убил.

Влегол во автомобилот и се упатил кон куќата во селото каде била неговата сопруга. Се уште не се знае дали отишол во селото Страгари да ја земе сопругата или ја сретнал на патот меѓу селата Кукљин и Јасика. Она што е познато е дека тој ја убил токму на тој пат, а нејзиното тело го оставил во ендек во близина на каменоломот, покрај патот опкружен со ништо друго освен шума.

Тој се вратил во возилото и го повикал татко му да го пречека. Отпрвин не му кажал што направил. Се нашле на нива во близина на селото Велика Дренова. Зоран му дал на татко му потврди за тоа кој што должи. Неговиот татко потоа го возел тракторот кон Милутовац, а Зоран го следел со автомобил.

Во еден момент мажот се завртел и видел дека Зоран го запрел автомобилот и дека телефонирал. Му дал знак да продолжи.

Недолго потоа заѕвонил телефонот на таткото на Зоран. Неговиот син му се јавил.

– Се погрижив за двете, а сега на ред сум јас – биле зборовите кои Зоран наводно му ги кажал на татко му по телефон.

Во тој момент Зоран бил во автомобил меѓу селата Милутовац и Страгари. Неговиот татко слушнал истрел од далечина. Додека се завртел и се вратил, Зоран веќе си го одзел животот.

Поврзани новости