609
Легендата на британското модно новинарство, Хилари Александер почина на 5. февруари на 77 годишна возраст, пренесоа светските медиуми. Александер беше некогашен моден уредник на Дејли Телеграф каде на таа позиција беше 26 години.
Исто така, Александер беше чест моден коментатор за Би-Би-Си, а во својата кариера одигра значајна улога во пронаоѓањето на млади таленти меѓу модните дизајнери.