Струмичкиот бизнисмен Живко Пандев, познат како сопственик на градежната компанија „Жикол“ починал утрово. Веста ја објави неговата ќерка Елена Пандева, сопственичка на модниот бренд „Елена Лука“.
-Со длабока и неизмерна тага ве известуваме дека во раните утрински часови нѐ напушти почитуваниот основач и сопственик на градежната компанија „Жикол“, г-от Живко Пандев.
Долгогодишен успешен градежник, голем филантроп, сакан сопруг, татко, дедо и пријател за пример. Преку неговите дела, преку неговата беспрекорна работа низ децениите и преку хуманата и добра мисија на која безусловно ѝ беше посветен, ќе живее вечно.
Луѓе со таква човечка големина остануваат во вечноста. Горди сме на традицијата која ја создаде и чест ни е што сме дел од неговото големо семејство. Нека му е светол патот и нека почива во мир.
Телото ќе биде изложено во Капелата во Струмица во 11часот, а погребот е од 13 часот, информира Пандева.
Вики Клинчарова