Почина Ферид Мурад (87), нобеловец од Македонија, роден во САД, но неговиот татко е од Гостиварско.
Тој живеел и дејствувал во САД, а предавал на најеминентните универзитети во Америка и пошироко.
Во 1998 година, заедно со двајца колеги, ја доби Нобеловата награда за физиологија/медицина за откритија во врска со улогата на азотен оксид во кардиоваскуларниот систем.
Доктор Ферид Мурад е роден 1936 година во американската држава Индијана како дете на иселеникот од гостиварска Лакавица, Џабир Мурад Ејупи и мајка Хенриета Џозефина Боумен, Американка.
Неговите студии се фокусирани на ефектот на нитроглицеринот врз човечкото тело. Тој со години работел на оваа тема со Роберт Фурчгот и Луис Игнаро.
Тројцата заеднички ја добија Нобеловата награда во 1998 година.
Во раните 1970-ти, Ферид Муради почнал да ја истражува улогата на азотен оксид во кардиоваскуларниот систем и открил дека тој игра суштинска улога во релаксирање на крвните садови и подобрување на циркулацијата на крвта.
Лекот беше патентиран во 1996 година, одобрен за употреба за еректилна дисфункција од страна на Администрацијата за храна и лекови на 27 март 1998 година, со што стана првата пилула за лекување на еректилна дисфункција во САД и беше пуштена во продажба веднаш во 1998 година.
Мурад е награден со титулата „Почесен доктор“ од многу универзитети и престижни меѓународни образовно-научни институции. Исто така, ја има титулата „Doctor Honoris Causa“ од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Нобеловецот Мурад пред 5 години по трети пат го посети Гостивар откако пред две децении првпат дојде во родниот крај на неговиот татко и се запозна со поблиските роднини.
Вториот пат дојде кога во негова чест гостиварската болница беше именувана според него.