Почина гостиварец – камион удрил во него додека возел велосипед

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 16.55 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, товарно возило „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Гостивар, удрило во велосипед „конект“ управуван од С.И.(71) од Гостивар.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на велосипедот С.И., а лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

Поврзани новости