Почина гостиварец, додека возел велосипед го удрил автомобил

by fokus

Гостиварец кој се возел на велосипед почина во сообраќајна несреќа, откако во него удрил автомобил.

-Според информациите на СВР Тетово, синоќа околу 21 часот на регионалниот пат Гостивар-Чегране автомобил „ауди“ со гостиварски ознаки удрил во О.О. (72) од Чајле кој се возел со велосипед. При ударот, велосипедистот се здобил со повреди, по што бил пренесен во гостиварската општа болница. Заради тежината повредите тој бил препратен на скопските клиники каде околу 22:30 починал, информираат од МВР.

Возачот на „аудито“ Ј.И. (23) е задржан во полициска станица, а екипа на ОВР Гостивар извршила увид на местото на настанот.

Поврзани новости