Почина Ѓорѓи Филиповски, еден од основачите на МАНУ

by Fokus

После еден век, во текот на вчерашниот ден, престана да чука срцето на легендата на македонската наука, единствениот жив од основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет (1947), Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (1949) и единствениот од првиот состав на МАНУ (1967), Академик Проф. Д-р Ѓорѓи Филиповски! Вечна му слава!

Во мај годинава, во МАНУ беше одбележан стотиот роденден на академик Ѓорѓи Филиповски, како единствен жив од тројцата основачи на МАНУ во 1967 година.

Академик Ѓорѓи Филиповски, на 6 мај наполни 100 години.

По повод овој голем јубилеј, во Македонска Академија на науки и уметности, беше одржана свеченост. Академик Филиповски, заедно со академиците Блаже Конески и Харалампије Поленаковиќ, беа тројцата членови на првата комисија задолжена за формирање на МАНУ.

Академијата е основана на 23 февруари 1967, а прв претседател беше академик Блаже Конески.

Академик Филиповски пред две години, на 98 годишна возраст, учествуваше на прославата на 50 години од формирањето на научната установа.

Тој ги воодушеви присутните со својата умствена, па и физичка виталност.

Поврзани новости