727
Глумецот и сценски комичар Гилберт Готфрид почина на 67-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговото семејство.
-Со скршено срце објавуваме дека нашиот сакан Гилберт Готфрид почина по долго боледување. Покрај тоа што беше најпознатиот глас во комедијата, Гилберт беше и прекрасен сопруг, брат, пријател и татко на две мали деца. Иако денес е тажен ден за сите нас, Ве замолуваме, продолжете да се смеете што е можно погласно во чест на Гилберт, напишаа блиските на Твитер.
Готфрид беше можеби најпознат по неговите настапи на „Саботното вечерно шоу во живо“ (Saturday Night Live), како и позајмувањето на својот глас за „Аладин“ на „Дизни“.