Боливискиот генерал Гери Прадо Салмон, кој во 1967 година го зароби кубанскиот револуционер Ернесто „Че“ Гевара, а потоа стана национален херој, почина на 84-годишна возраст.
Во време кога Боливија имаше десничарска воена влада, генералот Прадо водеше воена операција во Боливија во 1967 година и со помош на агенти на американската тајна служба ги победи комунистичките бунтовници предводени од Че Гевара.
Студената војна меѓу САД и Советскиот Сојуз во тоа време беше на својот врв и Вашингтон беше крајно загрижен за советското влијание во Латинска Америка и активностите на Че Гевара.
Легендарниот Че ја напушти Куба по триумфот на револуцијата таму во 1959 година, сакајќи да основа и води герилски движења во други земји.
Тој беше клучен сојузник на кубанскиот лидер Фидел Кастро и стана херој и комунист познат низ целиот свет. Синот на генералот Прадо го опиша неговиот татко како „извонредна личност“, која оставила „наследство на љубов, интегритет и храброст“.