Почина Франц Бекенбауер

by Fokus

На 78-годишна возраст почина легендарниот фудбалер Франц Бекенбауер.

Toj е роден на 11 септември 1945 година во Минхен и одбележа епоха во светскиот и германскиот фудбал.

Поголемиот дел од кариерата го помина играјќи во дресот на Баерн Минхен, за кој настапуваше од 1964 до 1977 година.

Со Германија го освои Светското првенство како играч во 1974 година, а потоа и како селектор во 1990 година.

Имаше инфаркт на очите, операција на срцето, како и Алцхајмерова болест со поврзана деменција.

Бекенбауер важеше за еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Поврзани новости