56
Филип, син на поранешниот француски претседател Шарл де Гол, почина во Париз на 103-годишна возраст, објави Фигаро.
„Тој почина синоќа во Националната установа за инвалиди каде престојуваше две години“, изјави неговиот син Ив де Гол.
Де Гол се борел во француските поморски сили во Втората светска војна, а подоцна и во Првата војна во Индокина.
За време на неговата воена кариера, тој го добил чинот адмирал, а меѓу 1986 и 2004 година бил активен во француската политика.