2
Едно од двете повредени лица во денешниот оружен инцидент во селото Арачиново, е починато. Лицето им подлегнало на повредите откако е пренесено во Ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Во Клиничкиот центар Мајка Тереза примени се двете повредени лица во оружениот инцедент што попладнето се случи во селото Арачиново. Еден од повредените починал, а кај другиот ќе биде извршена хируршка интервенција“, велат за МИА од Ургентен центар.
Од МВР вечерва потврдија дека во селото Арачиново имало оружен инцидент и дека во двајцата арачиновци било пукано од возило „ауди“ во кое имало две лица.