862
Доктор Марија Бунда не ја издржа борбата со ракот на дојка, таа почина.
Доктор Бунда пред околу две години откри дека има рак на само 28 години и реши да ја сподели својата борба со јавноста. Таа редовно апелираше до младите девојки и жени да си прават самопрегледи и да одат на редовни контроли за навреме да ја откријат болеста.
Своето лекување доктор Марија го продолжи во Англија кај својата мајка која е радиолог и живее и работи таму, а е и ментор на спезијализанти од Кембриџ.