На 64-годишна возраст вчера ненадејно почина прим. д-р. Љубинко Трпеноски.
Тој беше еден од основачите на Здружението Нефрон (2003 г.), негов претседател, член и претседател на Извршниот одбор во неколку мандати. Голем борец за правата на пациентите, за развојот на нефрологијата и трансплантацијата во Македонија и голем и почитуван пријател и другар помеѓу пациентите и лекарската фела. Својот работен век посветен на дијализното лекување го помина во Заводот за нефрологија во Струга и во Воената Болница во Скопје, проследено со многу други ангажмани од како интернист во Македонија и странство. Членуваше во повеќе професионални и стручни здруженија.
Погребот на д-р. Трпеноски ќе се одржи утре на градските гробишта во Струга. Телото ќе биде изложено во капела од 11:00-13:00 часот, а погребот е во 13 часот, соопштија од Здружението Нефрон.