Скопскиот бербер Џеваир Јакупи, познат во јавноста како Џеки Јанг, починал денес на 38-годишна возраст. Во неговиот салон ,,Џеки Јанг” чести клиенти беа голем број на јавни личности.
Кај него се потстрижуваа спортисти, политичари, музичари. Перо Антиќ, Кире Лазаров, Бранко Црвенковски, Ламбе Алабакоски, Даниел Кајмаковски… се само дел од неговите задоволни клиенти за чиј изглед редовно се грижел.
-Потстрижувањето кај мене им носи среќа, затоа често доаѓаат пред важен натпревар или концерт, на шега кажуваше берберот.
Неговиот берберски салон беше познат како место каде не само што се добиваше нова фризура, туку и катче во кое клиентите секогаш се чувствувале како да доаѓаат на гости кај свој пријател.
Јавноста се уште не ја знае причината за смртта на Џеки, а негови пријатели и блиски луѓе од утринава објавуваат коментари со жалење поради прерано згаснатиот живот на популарниот бербер.
Вики Клинчарова