548
Четиригодишно девојче кое беше извлечено од урнатините во Турција почина кратко откако беше спасено, а критикуван беше спасувачот додека го носеше девојчето снимаше со телефон.
Спасувачот е критикуван дека неправилно ја носел малата Азра, ја држи во едната рака додека со другата го држи телефонот и снима во живо, а освен тоа не ја чекал брзата помош и покрај видливата тешка состојба на девојчето.
Смртта на малата Азра ја потврдија нејзини роднини, пишуваат турските медиуми, а причината за нејзината смрт е објаснета како траума предизвикана од природна катастрофа, тешка повреда, внатрешно крварење, скршеници на левата нога и на десната рака.