Почина детето што денеска беше извлечено по 296 часа во Турција

by Fokus

„Ал Џезира“ пренесува дека денеска починало 12-годишното дете кое по 296 часа беше извлечено од урнатините по разорниот земјотрес во Турција.

Според информациите, детето починало во возилото на Брзата помош, а неговите родители кои исто така беа спасени денеска, се во стабилна состојба.

Во Турција и Сирија се уште трае потрагата по преживеани по оваа природна катастрофа, а бројот на загинати надмина 40.000 лица.

Поврзани новости