449
Во населбата Св. Ловренц во словенечката општина Преболд денеска пожарникари од прегреан автомобил извлекле дете кое, за жал, веќе било мртво.
Имено, детето починало во автомобилот кој бил оставен заклучен на сонце.
Се се случило околу 13 часот кога е примена пријавата, но и покрај брзата интервенција на случајните минувачи и укажаната прва помош од пожарникарите, на детето не можело да му се помогне, јави словенечката ТВ Н1.
Во акцијата за спас на детето бил вклучен и хеликоптерот на словенечката армија.
Националниот институт за јавно здравје на Словенија апелираше до граѓаните да не ги оставаат децата и не само децата во паркиран автомобил на високи температури, бидејќи тоа може да биде фатално, пишува Телеграф.