Почина Дарко Димовски, претседателот на ССМ

by fokus

По кусо боледување, почина Дарко Димовски, првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, објавија денеска од ССМ.

-Со жалење информираме дека по кратко боледување на 45-годишна возраст, почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочувство на неговото семејство, соопштија од ССМ.

Димовски беше претседател на ССМ од 2017 година, а на таа позиција дојде од претседателското место во Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ).

Поврзани новости