Човекот кој утрово околу 9 часот и 40 минути се поли со бензин и се запали кај Марков трг во Загреб почина на Клиниката за трауматологија на КБЦ „Сестрите на милосрдието“ во главниот хрватски град
„Машкото лице кое денеска се самозапали на Марков трг во Загреб и беше згрижено на Клиниката за трауматологија на КБЦ `Сестрите на милосрдието` на одделението за интензивна нега, и покрај напорите на лекарите, нешто по 21 часот почина од повредите“ – соопштија од болницата.
Станува збор за 57-годишен маж кој се здобил со изгореници од четврти степен, а лекарите од Клиниката соопштија дека се здобил и со внатрешни изгореници и дека во болница пристигнал во многу тешка состојба, бидејќи речиси целата површина на неговото тело била зафатено со изгореници.
Човекот првпат бил забележан на Марков трг од полицаец кој врши безбедносни работи околу зградите на Владата и Собранието.
Тргнал кон мажот кој веднаш се полил со запаллива течност, а полицаецот веднаш го грабнал противпожарниот апарат и почнал да го гаси.
Набрзо пристигнале пожарникари и брза помош, која веднаш го пренела мажот на Клиниката за трауматологија.