909
Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе.
Според надлежните, бебето од раѓање имало здравствени проблеми и подолг период било хоспитализирано.
Екипа од ОВР Гевгелија извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, соопшти полицијата.