1.5K
Пред неколку дена починал Војче Пендаровски, брат на претседателот на државата Стево Пендаровски.
„Братот на претседателот Пендаровски, Војче, почина во сопствениот дом во скопската населба Мичурин. Увид на лице место на 27.08. 2021 беше извршен од страна на екипа на Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош и надлежен јавен обвинител. При тоа, не се утврдени никакви знаци на насилство“, соопштија од претседателскиот кабинет.
Од таму додаваат дека погребот е спроведен во кругот на најблиските роднини и пријатели со, како што велат, почитување на ковид-протоколите.