261
Во болница вечерва починал бизнисменот Чедо Радомировиќ, познат уште како Чедо Радо, објави ТВ21.
Тој беше пронајден со тешка повреда околу 19 часот во село Орман во близина на маганиците на МВР до паркирано возило марка „лексус“.
Радомировиќ давал знаци на живот и со возило на Брза помош бил префрлен на скопските клиники, каде подоцна им подлегнал на повредите.
На лице место се уште се врши увид, а неофицијално бил пронајден пиштол.
Радомировиќ беше сопственикот на фирмата „Техноком“ и основачот на „Радо банка”.