Почина бебе заразено со Ковид и други заболувања

by fokus

Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пријавено е дете на една годишна возраст починато на 29.11.2021.

Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола . Истото повеќекратно  наназад било хоспитализирано на Клиниката  поради компликации во склоп на  основните заболувања : Остеохондродисплазија  , Епилепсија , Хидроцефалус, Малнутриција, Дилатациона кардиомиопатија, информираат од институтот.

-До денот на  последната хоспитализација ,  детето е  хоспитализирано   во Клиничка болница Битола  каде  поради долнореспираторен инфект е лекувано од 15.11.2021 до 24.11.2021  кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на Ковид 19 , е упатено  во ИБЗД Козле . По аплицирана терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое е со континуирано ниска кислородна сатурација од 64%  ,  а во претходен договор ,   од ИБЗД Козле  детето се префрла на Клиника за детски болести како институција од терцијарен карактер,   за понатамошен третман и  соодветно лекување.  Интензивниот мониторинг и лекување на детето во единица ургентен центар  кое од денот на прием е на механичка вентилација,  се одвива  од 24.11.2021 до 29.11.2021 година , кога и покрај сите превземени дејствија за лекување и  реанимација ,  завршува летално, се вели во соопштението на Институтот.

Поврзани новости