411
Едногодишно бебе почина денес во охридската болница.
Според информациите од СВР Охрид, бебето, утрово, во 7.44 часот, било донесено во тешка здравствена состојба, а по реанимацијата, констатирана е смрт.
Како што се наведува, состојбата на бебето е резултат на претходни заболувања и нема траги на насилство.
За настанот е информиран јавен обвинител по чија наредба телото му е предадено на семејството.