436
Бебе починало по рутинска операција која била извршена во понеделникот во болница Тузла.
Како што објави „Дневни аваз“, веднаш по операцијата и по преземените мерки за реанимација починало бебе родено во 2022 година.
-По повод споменатиот случај формиран е тим кој меѓу другото ќе ги утврдува и процедурите спроведени при лекување на споменатиот пациент – изјавиле од болницата во Тузла за медиумот.
Според написите, бебето починало по рутинска операција на непцето.